Премиерот на Русија, Дмитриј Медведев, во статијата која ја објави во „Ведомости“, пишува дека „темпото на раст на БДП на Русија во оваа година нема да надмине 2%“.
Според неговите зборови, „ова се случува за прв пат после 2009 година. За прв пат нивото на раст на руската економија е помал од растот на светската економија“. Тој додаде дека руските берзански индекси се наоѓаат на истото ниво како и во 2008 година.
Медведев ситуацијата во руската економија ја лоцира во „неблагопријатните надворешни услови, како и во притисокот од претходно нерешените проблеми“.
Тој смета дека излез од сегашната ситуација во руската економија е намалување на буџетските расходи за 5%, со што ќе се балансира рускиот буџет.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче