На интернет-страницата на владата заврши разгледувањето на проектот за поправки во законот за масовни комуникации. Според поправките, оние кои се осудени за престапи против државата и општеството – ќе бидат лишени од правото за формирање медиум. Експертите сметаат дека новите поправки во рускиот закон за масовни комуникации се дискриминациски.
Засега уредници на медиуми не можат да бидат лица кои биле во затвор, малолетни, душевно болни, а според новите поправки се предлага забрана за создавање на медиуми и од оние лица кои се осудени за престапи против државата и уставниот поредок.
„За престапниците веќе постои Кривичен законик. Ако човекот извршил конкретен престап, тогаш тој ќе си сноси казна во согласност со него. Затоа не е јасно каква врска има овде законот „За средствата за масовна комуникација“, ги коментира поправките Михаил Фјодотов, ншеф на претседателскиот совет за правата на човекот. Според него „педофилите ќе можат да создаваат медиуми, а фигурантите во нередите на 6 мај 2012 – не“.
Исто така, новите поправки можат да го олеснат затворањето на медиумите од регионално значење.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче