Лавров, Кери и Брахими ќе се сретнат уште еднаш во текот на овој месец

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, државниот секретар на САД, Џон Кери и специјалниот претставник во ООН за Сирија, Лахдар Брахими - до крајот на септември ќе се сретнат уште еднаш во Њујорк.

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, државниот секретар на САД, Џон Кери и специјалниот претставник во ООН за Сирија, Лахдар Брахими - до крајот на септември ќе се сретнат уште еднаш во Њујорк, каде ќе разговараат за сирискиот проблем. Ова го пренесува РИА Новости.

Во петокот политичарите се сретнаа во Женева, каде си разменија мислења. Други детали од преговорите не се соопштуваат.

Брахими забележа дека решението за предавање на хемиското оружје на Сирија под меѓународна контрола е важно за да се одржи „Женева-2“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња