Пушков: Обама ќе настојува да удри по Сирија за време на самитот Г-20

Шефот на комитетот во Думата за меѓународни работи, Алексеј Пушков, смета дека претседателот Барак Обама ќе настојува со сила да ја разреши ситуацијата во Сирија за време на самитот на Г-20 во Санкт Петербург.

„Обама ќе се обиде да го искористи Самитот за да го оправда ударот во Сирија. Каква и да биде програмата на Самитот, во неа сигурно ќе се најде збор и за Сирија“, забележа Пушков на Твитер. Според мислењето на чиновникот, „Обама ќе постапи така за да не стане втор Џорџ Буш, против кого се сврти целиот свет.“

Претходно беше соопштено дека Обама ќе појде во Русија на самитот Г-20, но ништо не соопшти за личната средба со претседателот на Русија, Владимир Путин. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња