Нова бесплатна услуга се појави на 29 август за посетителите на едни од гробиштата во главниот град на Русија: превоз по територијата на гробиштата со електромобили, соопштува Интерфакс, повикувајќи се на раководителот на одделот за трговија и услуги на Москва, Алексеј Немерјук.
„Ние добивавме поплаки од граѓаните дека тешко доаѓаат до починатите роднини. Поради тоа, ние решивме да спроведеме еден експеримент, и засега имаме купено три електромобили“, изјави Немерјук.
Цената на еден електромобил е околу 10.000 евра. Секој електромобил може да пренесува петорица. Услугата е бесплатна за сите, а приоритетно право имаат посетителите со деца и постарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче