Можно е и граѓаните на Ленинград кои живееле под опсада помалку од четири месеци да добијат статус на ветерани на Втората светска војна. Овој предлог е внесен во Државната Дума на разгледување.
Авторите на законот објаснија дека според постојното законодавство, орденот „Граѓанин на Ленинград под опсада“ може да се додели само на оние кои под опсада живееле повеќе од четири месеци, со што на граѓаните кои се родиле после 27 септември 1943 година овој статус не е можен.
„Последиците на опсадата најмногу се одразиле на здравјето на децата. Дури и со првите возила кои поминаа преку „Патот на животот“ (единствен излез од Ленинград под опсада преку Ладошкото езеро) евакуирани се веќе болни новородени деца, воени инвалиди поради здравствената состојба“, се наведува во текстот на документот. Денес во Русија живеат околу 2.000 граѓани кои како малолетници во Ленинград под опсада поминале помалку од четири месеци.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче