KFC за 2,5 години за два пати ќе го зголеми бројот на ресторани во Русија и ЗНД

Отворањето на еден ресторан од овој ланец ресторани за брза исхрана чини поскапо отколку МекДоналдс или Subway.

До 2015 година KFC планира да го зголеми бројот на ресторани во Русија и ЗНД до 450, изјави генералниот директор на Yum! Restaurants International Russia & CIS, Олег Писколов. Сега компанијата во тој регион има 250 ресторани, а јубилејниот 250-ти по ред вчера се отвори во Москва.

Околу 50 ресторани работат во Ерменија, Украина, Казахстан и Азербејџан, додека другите се лоцирани во Русија.

KFC се специјализира на храна во која се користи пилешко месо. Мрежата има околу 40.000 ресторани во целиот свет. Профитот на KFC во Русија за 2012 година изнесувал 13,6 милијарди долари.

За отворање на еден ресторан KFC потребни се околу 700.000 долари, а околу 80% од таа сума заминува на градежно-монтажни работи, технолошка опрема, мебел и реклама. Отворањето на само еден ресторан МекДоналдс чини од 100.000 до 4.500.000 долари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња