Американските специјални служби ги следеле телефонските разговори на Русите

Агенцијата за национална безбедност на САД (АНБ) ги следела телефонските разговори на Русите, и дури и интернет-сообраќајот. Ова го пренесува бразилскиот весник O globo.

Агенцијата за национална безбедност на САД (АНБ) ги следела телефонските разговори на Русите, и дури и интернет-сообраќајот. Ова го пренесува бразилскиот весник O globo, во чии раце се нашле документи од американските власти кои биле предадени од поранешниот соработник на американските специјални служби, Едвард Сноуден.

За димензиите на целата операција како и за други подробности за следењето на Русите, во статијата не се зборува. Истражувањето на весникот најмногу е насочено за дејноста на АНБ на територијата на Бразил, а Русија се спомнува само индиректно. „Бразил, како и Русија, Кина, Иран и Пакистан стана заморче на специјалните служби на САД кои ги следат разговорите и интернет-комуникацијата“, пишува O globo.

Што се однесува до Бразил, според податоците на изданието, АНБ добила пристап до личните податоци благодарејќи на соработката со локалните интернет-провајдери и оператори за мобилна врска. На каков начин Американците ги следеле Русите, не се уточнува. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња