Едвард Сноуден, кој САД го бараат заради разоткривање на информација за дејноста на американските тајни служби - не може да замине од меѓународниот аеродром „Шереметјево“ во Москва без документи, изјави во неделата претседателот на Еквадор, Рафаел Кореа.
Пред една недела пасошот на Сноуден беше анулиран од страна на американските власти.
Сноуден веќе побара политички азил од лидерот на Еквадор.
„Тој (Сноуден) нема пасош. Јас не ги познавам руските закони, јас не знам дали тој може да го напушти аеродромот, но јас разбирам дека тој не може тоа да го направи. Во моментов сѐ зависи од руските власти. Ако тој дојде во амбасадата на Еквадор, ние ќе ја разгледаме неговата молба за азил“, изјави Кореа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче