Антон Силуанов: „Ние нема да ги зголемуваме, туку обратно, ќе ги намалуваме даноците“

Министерот за финансии на Русија најави намалување на даноците во земјата.

Министерот за финансии на Руската Федерација, Антон Силуанов, изјави дека транспарентниот буџетски систем и даночна политика се основи за создавање благопријатни услови за инвеститорите и намалување на зависноста од буџетот.

„Ние не само што нема да ги зголемиме даноците, туку обратно, постепено ќе ги намалуваме, создавајќи благопријатни даночни услови во одделни региони каде е потребен развој“, изјави Силуанов. Вториот приоритет е ограничување на расходите и намалување на зависноста на буџетот од цените на нафтата и ситуацијата на светските пазари. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња