Сириските бунтовници ја критикуваат декларацијата на Г-8 и Путин

Сириските бунтовници не ги коментираа бројните брутални злосторства кои ги изврши сириската опозиција.

Сириските бунтовници ја критикуваат декларацијата која на самитот ја усвоија лидерите на Г-8, пишува "USA Today", истакнувајќи дека шефовите на најмоќните држави во светот едногласно го излеа ставот дека граѓанската војна во Сирија треба да се заврши на мирен начин и по пат на преговори. Во статијата се кажува дека декларацијата не го повикува претседателот Башар Асад да се повлече од функцијата, за што се залагаат западните земји и сириските опозиционери.

„Тоа на неговиот режим ќе му даде повеќе време, кое претседателот Путин несомнено дека ќе го искористи за да продолжи со испорака на оружје во Дамаск. Иран ќе продолжи да дава совети, а „Хезболах“ и понатаму ќе ги праќа своите борци во Сирија“, изјави сирискиот бунтовник Абдулвахаб Сајед Омар.

„Не е можно да се прифати фактот дека луѓето кои учествуваа во убивањето на Сиријци ќе ги задржат своите сегашни позиции или ќе стекнат можност да управуваат во иднина со Сирија“, додаде Омар. Тој смета дека не е работи само за Асад, туку и за другите сириски официјални лица, почнувајќи од врвот на државата, па до најниските чиновици.

Сајед Омар притоа не ги коментираше бројните брутални злосторства кои ги изврши сириската опозиција. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња