Државната Дума во третото читање го прифати законот за упростено давање на руско државјанство на децата кои се родиле во странство во мешани семејства, соопштува РИА Новости.
Станува збор за децата, на кој еден од родителите е граѓанин на Русија, а другиот не.
Законот беше внесен во Думата од страна на претседателот на Русија, и тој треба да обезбеди можност за заштита на децата, дури и ако тие се наоѓаат во странство.
Сега било кој родител, кој поседува руско државјанство, може да побара доделување на руско државјанство за своето дете. Досега се бараше задолжителна согласност од родителот-странец доколку детето живее вон Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче