Два руски воени авиона се осомничени за нарушување на воздушното пространство на Финска, соопштува телекомпанијата YLE. Инцидентот се случил во вторникот во реонот на Финскиот залив.
Според податоците од министерството за одбрана, недалеку од финската граница летале два руски истребитела и два бомбардера. Два од нив накратко би можеле да се најдат на финска територија.
Финските ловци Hornet добиле наредба за пресретнување. Пограничната служба на Финска го истражува овој инцидент, се соопштува во министерството за одбрана на Финска.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче