Неморалните дејства на луѓето кои ги нагрдуваат Божјите традиции и општеството, не можат трајно да ги разрушат моралните и етичките вредности, смета патријархот Кирил.
„Ние знаеме дека денес во многу држави во светот, за да станеш член на успешното и богатото општество, треба да се откажеш од верата и да прифатиш богохулни закони кои одат против божјата волја и божјата вистина“, изјави патријархот после богослужбата под отворено небо во храмот на Новомачениците во Бутово.
Според неговото мислење, тие кои „со зборовите свои, со примерите свои, а понекогаш и со власта своја ги откинуваат луѓето од Христа и ја разрушуваат верата“ се слични на тие кои масовно ги стрелале луѓето во 1930-те години на Бутовскиот полигон.
Како пример тој ја наведе легализацијата на хомосексуалните бракови во Франција.
„Но ние знаеме дека многу луѓе истапуваат против тие дејства - сите го видоа тоа на телевизија. Бевме сведоци за масовните протести на Французите против прифаќањето на таквите одвратни закони“, изјави патријархот Кирил.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.