На руските ракетни комплекси поставија системи за создавање пречки и лажни цели. „Известија“ дозна дека комплексот РЕБ, кој ќе се инсталира на „Искандер“ - создава пречки и лажни цели за време на приближувањето на ракетата кон целта. Пречките ќе се состојат од пасивни и активни попречувачи за радарите на противвоздушната и противракетната одбрана.
Офицер кој учествува во проектот соопшти за „Известија“ дека комплексот не е способен целосно да ги „излаже“ непријателските средства за ПВО и ПРО, но од тоа и нема да има потреба. Доволно е да се внесе кратковремен хаос во нивната работа и ракетата да пристигне на определената цел.
Независниот воен експерт за современите вооружени конфликти, Вјачеслав Целујко, изјави за „Известија“ дека оперативно-тактичките комплекси „Искандер-М“ се адекватен одговор на возможното поставување на американскиот ракетен штит во Европа.
Оперативно-тактичкиот ракетен комплекс „Искандер“ е создаден кон крајот на 1980-те како замена за „Точка“ и „Точка-У“. Прифатен е во вооружувањето на руската армија во 2006 година. Во моментов во руската армија, според податоците на британскиот Military Balance, постојат околу 200 системи „Точка-У“ и „Искандер“. Комплексот е способен да уништи цели на растојание до 400 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче