Telegraph: Путин нема да им дозволи на сириските сојузници да се најдат во рацете на западните конкуренти

Претседателот на Русија, Владимир Путин е целосно решен да не дозволи на своите традиционални сојузници да дозволи да паднат во рацете на западните конкуренти, пишува The Telegraph.

Претседателот на Русија, Владимир Путин е целосно решен да не дозволи на своите традиционални сојузници да дозволи да паднат во рацете на западните конкуренти, пишува The Telegraph.

Најверојатно е тоа дека средбата на премиерот на Велика Британија, Дејвид Камерон со рускиот лидер во Сочи ќе биде напрегната со интелектуални игри, но таа може да помогне во завршувањето на граѓанската војна во Сирија, смета весникот. Како што се забележува во статијата, руско-британските односи во последно време имаат доста проблеми, и затоа Камерон треба да биде подготвен за појава на секакви ситуации.

Според мислењето на авторот на статијата, британскиот премиер, како и другите западни политичари, е загрижен за ситуацијата која може да се појави ако Москва не ги поддржи плановите на Западот за примирје во Сирија, бидејќи тогаш конфликтот може да излезе од контрола. Непопустливоста на Кремљ околу сириското прашање е условена со тоа што во Сирија има руска воено-морска база, пишува весникот. Освен тоа, Москва е обеспокоена од намерите на Западот. „Паранојата е доминантна емоција која го води курсот на руската политика со надворешниот свет уште од времето на Петар Велики“, смета авторот на статијата.

Сепак, според новинарите Москва почнува да осознава дека сириската криза може да има сериозни последици за руските регионални интереси. „Ако Русија и Запад се способни да соработуваат за такво прашање како што е нуклеарната програма на Иран, тогаш зошто не можат заедно да работат и за прашањето околу Сирија?“, се прашуваат авторите. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња