„Касперски“ ќе ја заштитува IT-инфраструктурата на Ферари

Касперски ќе го штити Ферари од вируси.

Произведувачот на спортски луксузни автомобили и болиди за „Формула-1“ ќе инсталира комплекс технолошки решенија во својата IT-инфраструктура од рускиот произведувач на антивируси „Лабораторијата Касперски“. Договорот ќе биде потпишан на 5 години, соопштено е на интернет-страницата на „Лабораторија Касперски“.

Сумата на зделката сѐ уште не е објавена. Во моментов софтверот за заштита од „Лабораторијата Касперски“ е инсталиран на 4.000 компјутери во главниот штаб на Ферари, а во текот на оваа година системот за безбедност ќе биде инсталиран во сета корпоративна мрежа на произведувачот на автомобили.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња