Полицијата го задржа осомничениот за убиство на шест лица во Белгород; за време на акцијата за задржување ранет е припадник на полициските сили.
„Осомничениот е задржан при обид да избега во камион од зоната која е контролирана од полицијата. Полицајци го препознале и презеле мерки за заржување, кога бил ранет еден од полицајците со нож“, соопшти за РИА Новости претставник на прес-центарот на МВР на Русија.
Сергеј Помазун е роден во 1981 година, живее во Белгород, еднаш е веќе осудуван и според информациите - бил во затвор четири години поради неколку кривични дела.
Во моментот на задржување во себе имал гасен пиштол ИЖ-27, четири куршуми за него, пушка „Вепр-308“, полуавтомат и 40 куршуми за него.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче