Примена на генетски технологии во спортот

Руските експерти развиваат нов метод за припрема на спортистите кој вклучува примена на генетска технологија.

Руските експерти развиваат нов метод за припрема на спортистите кој вклучува примена на генетска технологија. Ова го изјави шефот на Федералната медицинско-биолошка агенција на Русија, Владимир Ујба.

Тој појасни дека лекарите се заинтересирани за искуството кое го имаше Кина, каде во 2008 година, за време на Олимпијадата, спортистите се беа одбирани и припремени според генетските карактеристики.

„Сериозно пристапуваме кон генетските технологии и сега го завршуваме создавањето на генетски досиеја на нашите спортисти“, изјави Ујба и објасни дека генетиката треба да се примени веднаш штом детето почне да се занимава со спорт. Ујба смета дека во денешно време спортистите повеќе не треба да се избираат „по интуиција“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња