Русија за пет пати ќе го намали увозот на производи од месо од Мексико и Канада поради користењето на стимулаторот за раст - рактопамин.
Од 8 април увозот на месо во Русија од овие земји е дозволен само на претпријатијата кои се посетени од руска инспекција.
Во мексиканското здружение на произведувачи на говедско месо кажуваат дека во земјата рактопамин не се користи, и дека месото наменето за извоз одговара на сите строги меѓународни барања и стандарди.
Руските власти сметаат дека ветеринарната служба на Мексико праќа за анализа лажни примероци на месо кои немаат рактопамин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче