Обединетите Арапски Емирати ќе имаат посебни услови за инвестирање во Русија

Руската влада одобри нацрт-закон, според кој се ратифицира договорот меѓу Руската Федерација и Обединетите Арапски Емирати со кој предвидува изземање на доходот од инвестициите на оваа земја во Русија.

Руската влада одобри нацрт-закон, според кој се ратифицира договорот меѓу Руската Федерација и Обединетите Арапски Емирати со кој предвидува изземање на доходот од инвестициите на оваа земја во Русија. Руската влада се согласи на ваков нестандарден договор, надевајќи се на инвестиции од страна на ОАЕ.

Договорот меѓу Русија и Обединетите Арапски Емирати „За оданочувањето на приходот од инвестициите меѓу договорените страни“ е потпишан во Абу Даби уште во декември 2011 година. Документот значително се разликува од другите договори меѓу Русија и другите земји: даночни олеснувања се предвидени само за државните структури на двете земји. Меѓу нив спаѓаат централните банки, државниот пензиски фонд, централните и регионалните влади, како и финансиски и инвестициски организации кои се целосно во сопственост на владите на овие две земји.

Руската Федерација ќе го укине данокот на профит, додека ОАЕ ќе го укинат данокот на профит на корпорациите од Русија во својата земја. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња