Одбранбените сили на Финска ќе купат од Русија партија митралези „калашников“ и резервни делови за нив, изјави министерството за одбрана на Финска. Потпишаниот договор со Рособоронекспорт вреди 3,1 милиони евра.
„Автоматските пушки ќе бидат на располагање на копнените и морските сили на Финска во текот на оваа година“, изјавија во Министерството за одбрана на Финска, и додадоа дека тоа не е прв случај војската на оваа земја да купува руско оружје.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.