За првите 6 месеци од сезоната-2012/13, Македонија извезе на рускиот пазар речиси 4 пати повеќе грозје, споредено со истиот период минатата година. Количините кои се извезени изнесуваат повеќе од 1.400 тони, од кои речиси 60% се извезени во октомври 2012 година.
Треба да се забележи дека извезената количина грозје стана втор рекорден показател за последнава деценија. Најголема количина грозје Македонија извезе во Русија во првата половина од сезоната-2010/11 – повеќе од 1.500 тони.
Притоа, ако според резултатите за шесте месеци од сезоната-2010/11, Македонија го зазела 17-то место во рејтингот на извозници на грозје во Русија, оваа година Македонија се наоѓа на 14-то место.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче