- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Поради недостиг на станбен простор, последниот кат од ГУМ, каде што се наоѓаа магацините, во 1920-тите беше претворен во комунални станови. Во нив живееле 22 семејства и тоа биле сосема обични советски граѓани. Но, се лажете ако мислите дека навистина имале среќа што низ прозорецот гледале директно во Кремљ.
Вистина, еден кат подолу имаше продавници, фризерски салони, печатница и курсеви за странски јазици, но за семеен живот тука немаше соодветни услови. Заедничкиот стан немаше заедничка кујна, гас ниту тоалет. Жителите ја подготвуваа храната во своите соби користејќи плински боци и сите ги користеа јавните тоалети во трговскиот центар. Кон крајот на 1930-тите, во подрумот на ГУМ беше отворена јавна парна бања чие користење се плаќало, што многу го олесни животот во комуналните станови.
Не секој имаше среќа ниту со погледот низ прозорецот. Во повеќето заеднички станови, прозорците не гледаа дури ни на улица, туку во внатрешноста на зградата. Секое утро во 8 часот стоковната куќа ги отвораше вратите и од звукот на брзите чекори кои итаа да застанат во ред секој можеше да ја провери точноста на своите часовници.
Сталин умре дури во 1953 година, по што жителите на трговскиот центар беа преселени во други станови со подобри услови за живеење, а ГУМ, покрај сé останато, престана да биде и нечија куќа.