Луѓето што живееле во советско време обично имаат многу различни сеќавања: некои зборуваат за тепачки во редици за храна, некои сметаат дека имало сè во изобилство, а дека храната била поприродна и со многу подобар квалитет отколку што е денес.
Факт е дека ситуацијата беше многу различна во различни времиња (СССР помина низ различни фази на економски развој за време на своето речиси седумдесетгодишно постоење), а да не ги спомнуваме разликите во секој од краиштата на огромната држава.
Ајде да погледнеме што можеше да се купи во советските продавници во различни години и региони.
Москва, продавница Елисеевски, 1950.
Евгений Халдей/МАММ/МДФИмињата на продавниците во СССР беа прилично едноставни и јасни: „Млеко“, „Леб“, „Овошје и зеленчук “. Покрај тоа, градовите имаа и врвни гастрономи и супермаркети, каде што се продаваа сите видови намирници и потрепштини за домаќинството - исто како денес. Наспроти тоа, во руралните средини постоеја таканаречени „Селпо“ продавници (акроним за селска продавница).
Москва, 1958.
Анатолий Гаранин/SputnikДенес луѓето се навикнати на самопослужување, но во советско време постоеше поинаков систем. Во кое било од одделенијата на продавницата, купувачот ќе одбереше одреден предмет (на пример, колбас или сирење), а потоа службеникот ќе го земеше, ќе го измереше и ќе му ја кажеше цената. Потоа купувачот ќе платеше на каса и дури тогаш ќе можеше да го земе купениот артикл.
Бакалница во Сталинград, 1960.
Непознат автор/МАММ/МДФПо правило, бакалниците работеа од 7-8 наутро, до 19-20 часот навечер, со пауза за ручек. Еден ден во месецот имаше таканаречен „санитарен ден“, кога продавницата беше затворена за генерално чистење и дезинфекција. Имено, хигиената во СССР беше сфаќана многу сериозно.
Нова Ладога, Ленинградска област, 1989.
Yuri Belinsky/TASSГлавната продавница за прехранбени производи во СССР беше, се разбира, „Елисеевски“ на улицата „Горки“ (сега улица „Тверскаја“), во самото срце на Москва. Отворена уште во 1901 година од страна на трговецот Григориј Елисеев, во советско време се викаше „Гастроном бр. 1“. Слични продавници имаше во Ленинград и Киев. Луѓето доаѓаа овде не само за намирници, туку и за да ги видат луксузните историски ентериери.
Елисеевски во Ленинград, 1960-тите
Всеволод Тарасевич/МАММ/МДФОваа продавница имаше сè. Дури и кога имаше недостиг на роба во другите продавници, Елисеевски имаше сирење, колбаси, вино и слатки од повеќе сорти и со одличен квалитет. Многу е интересно што сите артикли ги имаа вообичаените советски цени (порано цената на храната ја одредуваше државата, а не самата продавница).
Вино и овошје во московскиот „Елисеевски“, 1965.
Николай Максимов/SputnikТаму можеше да дојде секој, но можеше да се случи да чекаат во ред цел ден, а во меѓувреме намирниците да се продадат и потрошат. За да не се чека залудно, препораката беше да се дојде рано наутро. Киевскиот „Елисеевски“ изгоре во 1940-тите. Продавницата во Москва беше затворена во 2021 година. Меѓутоа, во Санкт Петербург и понатаму работи.
Селска продавница во Саратовската област, 1967.
Г. Щербаков/SputnikШто имаше на полиците на обичните продавници? Ајде да погледнеме типична советска градска продавница за храна помеѓу 1960 и 1980 година. Достапни беа конзервирани производи изложени во излозите во вид на пирамиди, сокови во тегли, сирења или колбаси. Колачиња и слатки се продаваа на мерка, и обично ги имаше во изобилство. Можевте да купите и локално произведени млечни производи во која било продавница кои имаа рок на траење од само неколку дена. Шишињата од млеко и кефир имаа депозитна вредност и можеа да се вратат во продавницата.
Рибарница во Мурманск, 1976.
Semyon Maisterman/TASSКонзервите, генерално, заземаа огромен простор во секоја продавница, без разлика дали на југот или на северот на земјата, и беа евтини. Речиси сите намирници беа од домашно производство. Многу градови имаа специјализирани тнр. „океански“ рибарници, каде што можеше да се најде уште поголем избор на конзервирана риба, од папалин до црвен и црн кавијар.
Трговски центар во Сочи, 1971.
Рудольф Алфимов/SputnikГрадските продавници честопати беа лишени од добро парче месо, па граѓаните мораа да одат на локалните селски пазари, каде што месото беше и до 2-3 пати поскапо отколку во продавница. Сепак, не секој можеше да си го дозволи тоа, па правеа сечкани котлети од месо од сé што ќе најдеа во продавниците.
Селска продавница во Чељабинската област, 1990.
Борис Каулин/Државен историски музеј на Јужен УралШтом ќе пристигнеше некоја роба во продавниците, брзо се создаваа долги редици од купувачи. Во 1990 година земјата воведе систем на рационализација, а во пролетта 1991 година, поради монетарната реформа, цените на храната во земјата се зголемија тројно. Во декември 1991 година СССР престана да постои.
Редица за шеќер, Москва, 1988.
Владимир Сергиенко/МАММ/МДФПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче