Трговијата им овозможи на многу луѓе да преживеат за време на тешката економска криза во земјата по распадот на СССР.
Пазарите спонтано никнуваа на секој чекор. Но, специфичноста на тоа време беа многубројните објекти со сé и сешто.
На почетокот, луѓето ги преработуваа советските киосци за весници, но поголемиот дел од нив беа дело на сопствениците. Секој градеше како што сака.
Изборот во овие киосци беше значително поголем отколку во обичните продавници. Покрај храната и покуќнината, голем профит на сопствениците им носеа и киосците со алкохолни пијалаци, кои, згора на тоа, беа отворени нон-стоп.
Таквата состојба траеше повеќе од десет години.
Во 2013 година во Русија најпрвин беше забранета продажбата на алкохол ноќе и во киосци, а потоа власта почна да ги урива нелегалните објекти.
Болвји пазар во Москва, Лужники
Юрий Абрамочкин/SputnikНајрадикална акција беше преземена во Москва. Во февруари 2016 година за само една ноќ беа урнати околу 100 киосци. Во медиумите овој настан беше наречен „ноќта на багерите“.
Москва, февруари 2016.
Сергеј Михеев/Росијскаја газетаПри користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче