На самиот врв, тамбовската банда го контролираше речиси целиот град Санкт Петербург. Нејзиниот водач Владимир Барсуков (роден како Владимир Кумарин) имаше толкава моќ и влијание во градот што го доби прекарот „ноќниот губернатор на Санкт Петербург“.
Владимир Барсуков (Кумарин)
Алексеј Даничев/SputnikРодум од Тамбов, провинциски руски град, Барсуков ја основаше бандата во доцните осумдесетти години во Санкт Петербург. За неколку години, бандата ги прошири своите активности од заработување пари со тероризирање на мали бизнисмени до монопол на трговијата со наркотици, фирми за обезбедување, па дури и контрола над голема нафтена компанија во градот. До крајот на деведесеттите години од минатиот век тамбовската банда ги контролираше виталните пристаништа, недвижностите, рестораните, фабриката за преработка на месо, транспортот, синџири бензински пумпи и трговијата со алкохол во Санкт Петербург.
Влијанието на бандата опадна откако нејзиниот водач беше уапсен и обвинет за повеќе епизоди на рекетирање, обиди за убиство и убиства, што резултираше со повеќекратни големи казни во затвор со максимално обезбедување, каде што Барсуков и сега се наоѓа.
Водачот на Ореховската банда го доби прекарот Силвестер поради наводната љубов кон холивудските блокбастери и атлетската градба. Бандата на Силвестер настана во округот Орехово-Борисово на југот на Москва и дејствуваше во руската престолнина кон крајот на осумдесеттите и на почетокот на деведесеттите години од минатиот век.
Сергеј Тимофејев викан Силвестер
Архивска фотографијаЧленовите на бандата заработува запленувајќи камиони и изнудувајќи пари од разни криминалци кои дејствуваа на нивната територија – од измамници до провалници и крадци на автомобили. Кога капитализмот дојде во Русија во деведесеттите години од минатиот век, оваа банда натера безброј бизнисмени и претпријатија да ја прифатат нивната „заштита“. Бандата исто така се обиде да го контролира шоу-бизнисот и изнудуваше пари од разни популарни пејачи од тоа време, Познато е дека Ореховската банда стана толку јака и моќна што стекна контрола врз десетина банки во централна Русија.
Ерата на Ореховската банда беше завршена во 1994 година, кога мерцедесот на Силвестер беше кренат во воздух во центарот на Москва. Постојат шпекулации дека Силвестер го убил некој од неговата банда или ривалска банда, но вистинскиот идентите на убиецот останува непознат.
Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век четворица мажи работеа како гробари на едни гробишта во Курган. Тоа беа Андреј Колигов, Олег Нељубин, Виталиј Игнатов и Александар Солоник. Набргу потоа првите тројца основаа моќна криминална банда, додека четвртиот стекна репутација на најсмртоносен убиец во Русија.
Андреј Колигов и Виталиј Игнатов
Архивска фотографијаНа почетокот бандата беше наречена „Комсомол“, зашто вклучуваше многумина комсомолски активисти, но подоцна стана позната како Курганска банда. Сите тројца водачи на новата банда беа поранешни спортисти без криминални досиеја. Изнудувањето беше главен извор на приходи на бандата, но набргу беше исцрпена можноста што оваа криминална активност ја ветуваше во малиот Курган. Сѐ поголемата банда бараше пошироко поле за дејствување. Затоа на почетокот на деведесеттите години од минатиот век се пресели во Москва.
Водачот на Ореховската банда Силвестер ја прифати новооснованата банда во своето криминално царство, а нејзините противници ги вработи да елиминираат противници. Набргу беше откриена екстремната немилосрдност на Курганската банда. Тие лесно посегнуваа по оружје и прибегнуваа кон насилство дури и во своите редови. Се зборува дека било вообичаена практика овие банди да ги погубуваат своите најдобри пријатели, доколку такви наредби стигнувале од врвот.
Пред сѐ, Курганската банда беше озлогласена поради поврзаноста со Александар Солоник, убиецот број еден во тие години во Русија. Колигов и Нељубин го завршија својот живот во затвор. Солоник е убиен во Грција, а за судбината на Игнатов до денешен ден не се знае.
Криминалната група Слоновска беше една од најмоќните криминални организации во Русија во деведесеттите години од минатиот век. Дејствуваа во Рјазањската област и се појавија во 1991 година, предводени од поранешниот возач на градскиот обвинител на Рјазањ Николај Максимов, викан Макс, и од таксистот Вјачеслав Еромолов, роден во 1962 година, викан Слон. Бандата започна со игри со ќибрит, а потоа премина на сериозни кривични дела, како што се измами за време на купување и продажба на автомобили. Подоцна се занимаваа со изнуда.
Вјачеслав Ермолов
Архивска фотографијаСо оглед на тоа што приходите од малите бизнисмени повеќе не им беа доволни, групата се заинтересира за производствениот сектор и се обиде да ја преземе контролата врз големите претпријатија. За тоа ги користеа средствата добиени од изнуди и пљачкосувања. Слоновската банда беше позната по својата бруталност, ги обиколуваше бизнисмените во нивните домови и канцеларии, бараше да им се плати и ги казнуваше оние што одбиваа или што не можеа да платат. Тие дури и регрутираа идни убијци од редовите на сирачињата под маската на добротворна помош за детските домови.
Од 1996 година членовите на групата активно беа процесуирани, но Вјачеслав Ермолов и некои попознати членови на групата до денешен ден не се пронајдени, а за Ермолов е распишана и меѓнародна потерница.
Во текот на деведесеттите години од минатиот век чеченската мафија работеше заедно со воспоставените руски мафијашки групи во СССР и во Русија. Николај Сулејманов, познат како Хоза и Руслан, го основаше московскиот огранок на мафијата во осумдесеттите години од минатиот век.
Николај Сулејманов
Архивска фотографијаХоза и неговите следбеници доведоа чеченски мигранти во Москва, регрутирајќи борци, со цел нивната организација да стане доминантна сила во руското криминално подземје. Чечените беа познати по насилството и брзо станаа најголемата криминална група во Москва.
Тоа доведе до судири со другите криминални групи, вклучувајќи ја и Ореховската. Во декември 1994 година Хоза го уби убиец што го испрати руската мафија.
И покрај загубата, влијанието на чеченската мафија продолжи да се шири ширум Русија. Чечените почнаа да дејствуваат во бројни руски градови, контролирајќи околу 2.000 комерцијални фирми и банки и ги користеа приходите од криминалот за финансирање нелегални вооружени формации.
Властите во 2004 година ги уапсија водачите на чеченските криминални групи осомничени за финансирање сепаратистички формации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче