Прочуената руска мафија: Како да изгледате како еден од нив?

Aleksandr Schemlyaev/Russian Look/Global Look Press
Внимание: имитирајте го само изгледот, а не криминалниот начин на живот.

Купете сако со боја на малина

Во текот на деведесеттите години од минатиот век сакото со бордо боја беше знак за престиж. Мораше да го има секој локален „бос“, и тоа од повеќе причини.

Во тие години Русите немаа речиси никаква претстава за модата (иако убавината е субјективен впечаток). Во нивната „нерасипаната“ вообразба дречливото сако беше „супермодерно“.

Освен тоа, ваквите палта најчесто беа увезувани од странство, што значи дека беа премногу скапи и недостижни за обичниот свет. Затоа мафијашките босови ги носеа, за да го истакнат социјалниот статус, односно припадноста на светот на богатите луѓе кои лесно ги трошат парите на екстравагантна облека.

Носете масивен синџир и златни прстени со печати

Станислав Барецки, продуцент и режисер на филмот „Брат 3“ на прес-конференција посветена на снимањето на овој руски филм

„Повидните“ криминалци во текот на бурните деведесетти сакаа накит. Само да е што поскап! Прашањето за естетиката го изгуби значењето во споредба со статусот што масивните прстени и синџирот му ги носеа на својот сопственик. Бандитите особено сакаа прстени со печати поради големината и воочливоста (а, и поради отисокот што го оставаа на своите непријатели!).

Задолжително истетовирајте се

Во руските затвори сите затвореници прават своевидно „криминално си-ви“, така што ќе истетовираат на своето тело шифрирана „работна биографија“. Таа тетоважа претставува невербален одраз на местото на затвореникот во рускиот криминал и неговата хиерархија. Увежбано околу инспекторот или „цимерот“ во затворската ќелија може да ја „прочита“ таа порака.

Значи, истетовирајте го тајниот код на своето тело. Сепак, за секој случај претходно добро поверете ги фактите од својата биографија!

Купете лимузина

Во текот на „опасните деведесетти“ никој не би сметал дека сте сериозен гангстер доколку немате кола. Често не беше доволно да се има кола од домашно производство, дури ни Жигули. Но, сепак, постоеја руски модели кои на гангстерите им беа зараснати за срце. ВАЗ-1009, познат како „деветка“, беше омилен поради релативно моќниот мотор и „големиот простор“, па во него можеа да седнат петмина.

Покрај домашната „деветка“ се возеа и BMW 525i, Volvo 940, Jeep Grand Cherokee и Chevrolet Tahoe, но убедливо најпрестижен беше Mercedes S600. Оваа кола беше толку скапа, што себеси можеа да си ја дозволат само најголемите шефови на мафијата. Штета што овие автомобили често се креваа во воздух на московските улици.

Започнете легален бизнис

Пред крајот на „дивите деведесетти“ во Русија повторно почна да стапува на сила владеењето на законот. Криминалот, рекетот и неконтролираното насилство повеќе не беа „на цена“. Државните институции добија доволно овластувања за да ги потиснат најбруталните криминалци од деловните кругови.

Криминалците кои сфатија дека повеќе не можат да се кријат имаа само еден начин да опстанат – започнат од почеток, со нови легални фирми.

Ете, ако сакате да изгледате како да припаѓате на овие кругови, можеби е најдобро да започнете од овој чекор, а сето останато да го прескокнете!

Прочитајте исто така: Шефовите на руската мафија: Како четворицата најпознати криминалци ја „завршија кариерата“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња