Зошто Русите ги преплавуваат профилите на Џејсон Стејтам со извртени цитати?

Начин на живеење
ЕЛЕОНОРА ГОЛДМАН
Холивудскиот актер е многу популарен во Русија поради своите ИЗЈАВИ. Меѓутоа, тој тврди дека никогаш не ги изговорил!

Британскиот актер Џејсон Стејтам можеби нема руски корени, но стана вистинска интернет сензација меѓу руските фанови. Илјадници Руси коментираат на речиси секоја негова фотографија на Инстаграм (во сопственост на компанијата „Мета“, која во Русија е прогласена за екстремистичка организација). Тие објавуваат апсурдни и духовити фрази на руски, оставајќи ја неговата публика која главно зборува англиски јазик малку збунета. Но, зошто се случува ова?

Што му пишуваат Русите на Стејтам?

Интересно е што Русите постираат цитати кои му се припишуваат на актерот. Овие коментари, честопати апсурдни кога ќе се преведат, се појавуваат речиси под секоја фотографија на Стејтам на „Инстаграм“. Еве само неколку примери:

„Ако не сте добредојдени некаде со искинати чорапи, не треба да одите таму ниту со цели чорапи.“ (Если тебе где-то не рады в рваных носках, то и в целых туда идти не стоит.)

„Карти, пари, две зачадени двоцевки, три банани, краставица, супа, пивтија, кечап, јајца, мајонез“. (Карты, деньги, два ствола, три банана, огурец, суп, картошка, холодец, кетчуп, яйца, майонез.)

„Ако си се изгубил в шума, оди си дома“. (Если заблудился в лесу, иди домой.)

„Има време за работа и време за неработливите нас, пиво, вотка и квас“. (Делу время, потехе час, пиво, водочка и квас.)

„Во срцето болка, во душата тага, каде ми е чорапата друга? (На сердце боль, в душе тоска, второго нет нигде носка.)

„Запомни, доволна е една грешка за да згрешиш“. (Запомни, одна ошибка - И ты ошибся.)

„Се капе само оној што го мрзи да се почеша“. (Моется тот кому лень чесаться.)

„Кога врне, патиштата се мократ, кога дува ветер, патиштата се сушат. (Когда идёт дождь, дороги мокнут, когда дует ветер, дороги сохнут.)

„Заврши работа? Значи, работата е завршена!“ (Сделал дело — дело сделано.)

„Во животот секогаш има два патишта: едниот е првиот, а другиот е вториот.

(В жизни всегда есть две дороги: одна-первая, а другая-вторая.)

Овие необични изјави ги оставаат зачудени многу корисници кои зборуваат англиски. Тие често ја изразуваат својата збунетост со коментари како: „WTF? Чуму сите тие руски коментари? Што пропуштив?“.

Меѓутоа, некои руски корисници се обидоа да му ги објаснат своите постапки на Стејтам, па дури и предложија начини на кои тој може да ја поздрави нивната активност. На пример, еден корисник предложи:

„Почитуван @jasonstatham, ако сакаш да им се заблагодарите на руските корисници за нивната активност, но од очигледни причини не можеш да го сториш тоа, облечи црвена маичка во следниот пост, ќе знаеме дека ја цениш својата публика што зборува руски!

Друг корисник напиша дека би било уште подобро актерот да уфрли неколку цитати од овие во неговиот следен филм.

„Ова не се мои зборови!“ ©Jason Statham

Трендот на преплавување на профилите на познати личности на социјалните мрежи стана популарна активност меѓу руските корисници. Тие организираа слични онлајн кампањи на профилите на ѕвезди како Лејди Гага и Леонардо ди Каприо. Сега се фокусираа на Стејтам.

Стејтам е еден од најпопуларните холивудски актери во Русија. Русите му се восхитуваат на неговиот мажествен изглед и улогите на „цврсто момче“. Тие дури направија и дипфејк серија за тоа како живеат во Русија.  

На руските социјални мрежи има бројни групи посветени на споделувањето „цитати“ од овој актер. 

Тие изјави се всушност неверојатно филозофски, но во сленг, така што поголемиот дел од смислата се губи во преводот.

„Лесно е да станеш кога не си ни легнал“.

„Кога луѓето ми велат „Немаш ни девојка!“, јас секогаш им одговарам: „Не дека јас немам девојка, туку девојките ме немаат мене“.

„Концизноста е сестра на талентот“. Значи, кога ќе нокаутирам [некого] со еден удар, тоа е доказ за тоа колку сум талентиран“.

На сите им е јасно дека Стејтам никогаш не ги кажал овие мисли (или сепак ги кажал?), но овие цитати станаа многу популарни мимови на руските социјални мрежи.

Други актери со сличен имиџ на „цврсто момче“, како Силвестер Сталоне и Жан Клод Ван Дам, исто така имаат групи посветени на нив, но тие не го стекнаа истото ниво на популарност како Стејтам. Што мислите, што е она што го издвојува Стејтам во очите на руските обожаватели?