Ова е Евгенија Кузмина, актерка во филмовите на Гај Ричи и сопруга на директорот на „Мирамакс“

Vittorio Zunino Celotto/Global Look Press
Таа е актерка во „Џентлмените“ на Гај Ричи, манекенка на ревиите на Ив Сен Лоран и Том Форд и стенд-ап комичарка. Нејзиниот татко работеше на санирање на последиците од катастрофата во Чернобил, а неа судбината ја однесе во Холивуд.

На црвениот тепих на 76 Кански филмски фестивал се појавија многу ѕвезди, меѓу кои и Евгенија Кузмина во гламурозен фустан на модната куќа Vivienna Lorikeet. Таа е американска актерка и манекенка со руско потекло, сопруга на продуцентот и директор на студиото „Мирамакс“ Бил Блок. Некои ја споредуваат со младата Ким Бејсингер, а ние решивме да ви ја претставиме подетално.

Фотографија од Канскиот фестивал 2023.

Евгенија Кузмина е родена во Москва 1981 година. Нејзиниот татко, Игор Кузмин, беше нуклеарен физичар и работеше на елиминирање на последиците од катастрофата во Чернобил. Тој беше десна рака на Валериј Легасов во владината комисија за истражување на оваа несреќа. Мајка ѝ е домаќинка. Уште од раното детство Евгенија се занимаваше со лизгање, па дури и размислуваше за спортска кариера, но беше премногу привлечна за да остане незабележана во светот на високата мода.

2007.

На 13-годишна возраст девојчето го забележа рускиот моден дизајнер Вјачеслав Зајцев. Така започна нејзината кариера во светот на модата. Освен на модни ревии, таа се појавуваше во реклами и руски забавни телевизиски емисии.

2009.

Набрзо Кузмина доби улога во филм со Чак Норис. Но, не можеше да излезе од земјата и да оди на снимање. Според неа, не добила дозвола поради работата на нејзиниот татко, која беше упатен во државни тајни од времето на Студената војна.

2013. Со Бил Блок

Сепак, Евгенија после тоа не остана долго на постсоветските простори. 15-годишната Кузмина ја забележа агент од Париз и таа се пресели таму, започнувајќи блескава европска кариера. Во 2003 година почина татко ѝ па таа почна да заработува и да му помага на семејството.

Во Париз таа успешно го помина кастингот кај Ив Сен Лоран, што ѝ овозможи да се појави на модната писта покрај ѕвезди како Наоми Кембел, Клаудија Шифер и Карла Бруни.

2015.

Таа учествуваше и во ревијата на модната куќа Mugler, каде што се појави заедно со манекенките Жизел Бундхен и Иванка Трамп. Потпиша договори со бројни познати брендови: Prada, Gap, Dior, Cartier, Hermes, Armani, Loreal и други.

2016.

Кога имаше 21 година, го запозна филмскиот продуцент Бил Блок, кој во тоа време имаше 55 години. „Нé запозна мојата шефица Кети Форд. Беше многу шармантен, ги имаше сите тие паметни идеи за правење филмови. Мораше прилично долго време да ми се додворува: Бил дојде на моето снимање на Хаваите, таму се грижеше за целата екипа, ги водеше сите на ручек. Беше таков џентлмен“, рече таа во интервју за Daily Mail.

2016.

Вљубениот пар се пресели на Холивуд Хилс, а седум години подоцна се венчаа. По свадбата Евгенија ги промени името и презимето и стана Паркер Блок.

2019.

Имаат три деца. Првпат забремени веднаш по потпишувањето на договорот со агенцијата Ford Models. Тоа можеше да значи крај (или барем долга пауза) за нејзината кариера. Но, Евгенија виде нови можности.

2021.

Во 2017 година Блок ја презеде директорската позиција во компанијата „Мирамакс“, која своевремено ја основаше Харви Вајнстин, и ѝ помогна на жена си да се појави во филмски хитови. Иако нејзините улоги се главно епизодни, нејзината филмографија веќе ги вклучува: „Шпионски град“, „Опасни мајки“, како и филмовите на Гај Ричи „Џентлмени“ и „Операција „Фортуна“. 

2022.

Паралелно со нејзината филмска кариера, Кузмина започна да се занимава со уште една професија. Се проба како комичар. Во своите стенд-ап настапи се шегува на сметка на манекенството, а се појавува и во клубовите The Comedy Store, Laugh Factory, Improv и Flappers. Веќе ја обиколи Америка, а во 2022 година лансираше сопствено стенд-ап шоу „Models of Comedy“, во кое учествуваа и други манекенки. 

2022.

Една забавна случка која Евгенија сака да ја раскажува е поврзана со нејзината мајка. Мајка ѝ дошла во САД да ја посети ќерката, а инаку воопшто не била запознаена со холивудските филмови. Еднаш за малку ќе го претепала Џејсон Стејтам. „Џејсон е еден од најдобрите пријатели на мојот сопруг. Долго време се занимаваат со недвижнини и живеат во соседството. Еднаш, кога се породив, тој ни дојде на посета, а беше темно и маж ми не беше дома. Мама не познава никого во Холивуд и си помислила: кој е овој страшен човек што доаѓа овде ненајавено? И буквално зграпчила некој предмет за да го удри. Моравме да ја убедуваме дека не е криминалец“, изјави Евгенија.

2022.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња