Што викаат Русите на свадба?

Младенци во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Архангелск.

Младенци во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во Архангелск.

Алексеј Куденко/Sputnik
Дали некогаш сте биле на руска свадба? Или можеби сте виделе како изгледа тоа на YouTube? На секоја руска свадба гостите во одреден момент извикуваат „Горко!“ и на тој начин ги принудуваат младенците да се бакнат. За што се работи?

Терминот „горко“ е толку популарен во Русија што се користеше дури и за насловот на еден од најконтроверзните филмови за Русите - комедијата „Горко1“ („Горько“) од 2013 година!

На свадбата првата здравица гласи: „За здравје на младенците“. После тоа, гостите почнуваат да викаат „Горко!“ Викаат многу гласно и многу пати, сé додека невестата и младоженецот не се впуштат во „филмски“ бакнеж, а потоа гостите бројат на глас: „Еден, два, три, четири, пет. .. додека не заврши бакнежот. И дури тогаш сите ги креваат чашите и ги пијат. Се разбира, колку е подолг бакнежот, толку е посилен ефектот.

Што значи „горко“?

Кај источнословенските народи постоел обичај тој збор да се извикува само на свадбената трпеза, за време на јадење и/или пиење.

Во Полска, гостите на свадбената гозба барале младенците да се бакнат, и тогаш извикувале: „Горка зелка!“ или „Горка супа!“ Во Бугарија гостите по тој повод извикуваат: „Виното е горко“.

„Горко!“ викаат гостите на свадбената трпеза, мислејќи на виното што треба да се заслади така што невестата и младоженецот ќе се бакнат“, напишал во XIX век Владимир Даљ, собирач на руски фолклор.

„Сласта се асоцира со односот помеѓу невестата и младоженецот и ја симболизира љубовта и бракот. На младенците им се служат слатки и печива, што означува силна љубов и имплицира „сладок живот“. Слатките биле присутни на свадбените церемонии во многу култури“, пишува филологот Елена Никифорова во својата статија од 2015 година со наслов „Одраз на кодот на вкусот во семантиката на свадбената церемонија“.

Не е само словенската култура таа што ги доведува во врска сладоста со среќата во семејниот живот. И во други традиции младенците заедно ја сечеле свадбената торта, а првиот месец по свадбата се нарекува „меден месец“.

Значи, Русите на свадба извикуваат „Горко!“ бидејќи тоа е еден вид ритуал во кој на младенците им посакуваат сладок и долг семеен живот. Тој збор се извикува во повеќе наврати, понекогаш и многупати во текот на целата свадбена гозба. Младенците задолжително мора да се бакнат секогаш кога гостите ќе викнат „Горко“.

На модерните свадби, за волја на вистината, гостите често почнуваат да извикуваат „Горко!“ уште на скалите пред влезот во матично. Тоа е погрешно, предупредува Љубов Пузикова, шефица на матичната служба во Ростов на Дон, која се занимава со проучување на руските свадбени обичаи. „Првично, повикот „Горко!“ се однесувал на пијалаците, а не на младенците. А кога пред матично се вика „Горко!“ без наздравување, тогаш излегува дека гостите на младиот брачен пар му посакуваат горчлив живот. Тоа треба да го викаат на маса, за „пијалакот да не биде горчлив“, т.е. пијалакот да се заслади со бакнежот на младенците“, вели Пузикова.

Гостин со торта, чукотска населба Лорино.

Обичајот да го извикуваат зборот „Горко“ честопати модерните младенци го доживуваат како архаичен и неподнослив. Затоа често однапред бараат од водителот на церемонијата да не поттикнува никого на извикување на тој збор, па дури и одделно се договараат со гостите тоа да го нема на свадбата. Меѓутоа, постарите генерации немаат разбирање за тие модерни текови, па на секоја модерна руска свадба сепак ќе се најде барем еден човек кој и покрај сé ќе викне „Горко!“ На крајот на краиштата, таков е обичајот! Горко!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња