8 луди руски свадбени ритуали

Сергеј Савостјанов / ТАСС
Венчавките во Русија претставуваат големи настани, Поврзани се со многу ритуали и обичаи. Обично целата фамилија се кани на церемонијата, се организира голема прослава, постојат многу игри кои носат определена симболика и кои ја прават атмосферата повесела и подинамична.

1. Купување невеста

За време на венчавката пријателите ја „киднапираат“ невестата или „крадат“ нешто нејзино, на пример чевлите, додека младоженецот и неговите пријатели треба да ја откупат, и за „украдената“ ствар да платат вистинска или симболична цена.

Владимир Вјаткин / РИА Новости Владимир Вјаткин / РИА Новости

Сергеј Соколов, водител на свадбени церемонии (ова е практично задолжителен детаљ на руската свадба), наведува посебен случај: „Во една пригода гостите решија да ја украдат невестата, но не кажаа како може да се откупи. Тогаш го поставив прашањето: Невестата е украдена, но како сега ќе ја откупиме? Еден од гостите одговори: Младоженецот мора да испие 8 чаши вотка за да докаже дека е достоен за невестата... Но, доколку го направи тоа, веднаш знаевме дека ќе ја пропушти својата свадба. На крајот едноставно организиравме натпревар во танц“.

2. Да се докаже љубовта

Младоженецот треба да заврзе кујнска крпа цврсто во јазол кој треба да ја симболизира цврстината на неговата љубов кон невестата. Но, потоа мора да покаже дека може овој јазол и лесно да го одврзе, што би требало да ја симболизира неговата подготвеност лесно да ги решава семејните проблеми на кои во иднина би можел да наиде.

Vostock-PhotoVostock-Photo

3. Нахрани ме

Во старите времиња постоела традиција според која првиот ден по венчавката жената им носи на свекорот и на свекрвата вода и им помага да се измијат, а потоа и да се облечат. Во модерна Русија свекрвата непосредно пред венчавката може да ги тестира способностите на својата идна снаа како домаќинка.

Legion MediaLegion Media

Наспроти церемонијата на венчавката, невестата пред гостите ја прашува својата свекрва што сака да јаде. Свекрвата наведува повеќе различни јадења, а невестата е задолжена да го препознае омиленото. Доколку погоди, ја заслужува почитта на свекрвата и е наградена со готвач за руски вкусни и здрави оброци.

4. Поделба на домашните обврски

Разни предмети од домаќинството, на пример трска за риболов, метла, крпи, тавчиња, клучеви од кола, далечински управувачи итн., се ставаат во една поголема вреќа. Доколку младоженецот од таа вреќа го извлече тавчето, тогаш ќе биде задолжен за подготвување храна, а доколку невестата ја извлече трската за риболов, тоа значи дека таа ќе биде почестена да оди на риболов.

Владимир Вјаткин / РИА Новости Владимир Вјаткин / РИА Новости

5. Препознај го мажа си по бакнежот

На свадбата треба задолжително да се покаже колку добро се познаваат и колку се создадени еден за друг младоженецот и невестата. Поради тоа невестата става превез преку очите, а младоженецот со неколку доброволци ја бакнува нејзината рака. Таа треба да го „препознае“ бакнежот на својот маж.

 Марина Лисцева / ТАСС Марина Лисцева / ТАСС

6. Да се наполни чашата

Двајца учесници, момче и девојка, се одбираат од страната на невестата и на младоженецот. Девојката држи празна чаша помеѓу колената, а машкото кое стои на оддалеченост држи шише со вода. Негова цел е да ја наполни чашата додека ѝ приоѓа, а притоа не истури ни капка.

Вјачеслав Прокофјев / ТАСС Вјачеслав Прокофјев / ТАСС

7. Предвидување на полот на детето

За симболично да се определи полот на идното дете, на младенците им е потребно лепило, рози и сини хартиени кругови и голем цртеж на бебе во пелени и со панделка на главата. Водителот на свадбената прослава става превез над очите на младоженецот и на невестата и ги повикува да лепат хартијки на панделката. На крајот од играта доколку има повеќе крукчиња со розова боја, тоа значи дека ќе се роди девојче, а ако има повеќе сини, значи ќе биде момче. Постои и современа верзија на овој обичај, каде наместо хартија се користат смс. „Постои посебна програма која може да ви помогне врз основа на напишаните пораки да се погоди полот на детето. Сето тоа е многу модерно“, вели водителот на свадбени церемонии Соколов.

Артјом Коротаев / ТАССАртјом Коротаев / ТАСС

8. Тавче и црпалка

Овој обичај е многу бучен. Црпалката е заврзана меѓу нозете на мажот, а тавчето меѓу нозете на жената. Целта  на играта е пред истекот на времето со црпалката да се направат колку што е можно повеќе удари по тавчето.

 Vostock-Photo Vostock-Photo

Соколов признава дека секоја година има сè помалку стари традиции и ритуали има на современите свадби. „Венчавката се прославува како раѓање на семејството и тоа може да се направи без сите тие стари традиции, особено доколку на прославата учествуваат главно помлади. Но, речиси да нема свадба без родителите на невестата и на младоженецот, така што некои стари обичаи мораме да ги примениме за да ја задоволиме постарата генерација. За татковците и за мајките овие нешта се многу важни“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња