Во Русија свадбата е радосен и свечен настан кој по обичај се слави со многу гости. Невестата обично носи долг бел фустан со превез и елегантен вечерен фустан за продолжување на прославата. Младоженецот обично носи костум. Меѓутоа, многу парови денес се одлучуваат за народни носии кои изгледаат многу елегантно.
На Кавказ има работилници и продавници во кои муштериите можат да нарачаат облека во национален стил. Како по правило, кавкаските венчаници се долги до подот со долги ракави и тесен струк.
Во Република Северна Осетија-Аланија традиционалните венчаници се шијат од скапи ткаенини (сатен, свила, кадифе) и често се украсени со златен или сребрен вез. Понекогаш, покрај везот, се користат и украси од скапоцени камења.
Преку фустанот се носат и долги кафтани. Околу половината секогаш има широк појас, најчесто од метал (кај особено скапите модели се прави од сребро). Невестата носи традиционална капа на главата. Денес венчаниците се најчесто бели, меѓутоа порано кафтанот и капата биле црвени.
Младоженците обично носат деловен костум или традиционален црн или црвен черкески капут и папаха на главата.
Невестите во Чеченската Република наместо превез често носат везени марами во ист стил како фустанот. Понекогаш преку шамијата невестата носи и дијадема украсена со скапоцени камења.
По правило, фустаните не се само бели, туку можат да бидат и во која било пастелна боја: крем, светло-розова, златна, украсени со чипка и скапоцени камења. Можат да бидат многу рамни или многу надувани со долги перјаници.
Венчаницата на една ингушка дама е рамна, со тесен струк, широк појас и огромна количина накит. Фустанот е надополнет со капа. Денес, целиот комплет е сошиен од бела ткаенина и украсен со вез со сребрени и златни конци. Преку сè невестата носи превез или проѕирна свилена шамија која треба да ѝ го покрие лицето. Традиционално, фустанот има „надворешни“ широки ракави („надуги“) кои треба да ја заштитат од случајни допири на непознати луѓе.
Модерните венчаници во Татарстан наликуваат на европските, но со некои интересни детали и по правило не мора да бидат бели. Можат да бидат виолетови, зелени, па дури и сини, кои се националните татарски бои. На главата невестата носи шамија, хиџаб или превез со дијадема и традиционална татарска капа (фес). Пред регистрацијата на граѓанскиот брак муслиманите одржуваат церемонија на венчавање во џамија и невестата мора да ја покрие главата. Не е невообичаено невестата да носи различни фустани за регистрација и за традиционалната венчавка, на пример, затворен бел фустан со шамија во ист стил и шарена народна носија.
Младоженците, од друга страна, носат обични одела, со тоа што во џамијата ставаат фес на главата.
Традиционално, невестата носела свечен бел фустан со светол (најчесто црвен) вез и шамија врзана околу главата, која по венчавката би ја заменила со крзнена капа од лисица. Младоженецот обично носел костум, но кошулата ја врзувал со долг извезен појас.
Модерните маријски парови кои сакаат да имаат свадба во етнички стил можат едноставно да ја украсат народната носија со долги шарени ленти, ѓердани од монети и широки ремени. Гостите на маријска свадба, исто така, ја украсуваат својата облека со шарени ленти.
Домородниот народ на северот Ненци ја населуваат тундрата. Многу припадници на овој народ и денес се занимаваат со одгледување ирваси. Немаат традиционални свадбени носии, туку по тој повод секогаш ја носеле најубавата и најскапа облека што ја поседувале, а невестата ја украсувала главата со црвени ленти со мониста и плетенки.
Прославата се одржувала во специјално направен шатор, а пред да влезат во шаторот парот морал да прескокне оган за да го помине церемонијалното чистење. Овој обичај се почитува и денес.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче