Централната банка на Русија издаде пригодни ковани пари „Маша и мечокот“

Пресс-служба ЦБ РФ
Банката на Русија почна со издавање пригодни ковани пари „Маша и мечокот“ од серијата „Руска (советска) анимација“, изработени од благородни и неблагородни метали.

Сребрените монети од три рубли на реверсот ќе ги имаат главните ликови во боја, додека кованите пари од неблагородни метали ќе се изработуваат во две верзии, со јунаците во боја или безбоен релјефен приказ.

На грбот на сребрената монета од три рубли се претставени главните ликови на цртаниот филм „Маша и мечокот“ во боја, додека во позадина е сив релјефен приказ на внатрешноста на куќата на Мечокот. На врвот на монетата со шарени букви е напишано „Маша и мечокот“.

Во оптек ќе бидат пуштени седум илјади сребрени монети, масата на благородниот метал е 31,1 грама.

Задната страна на паричката од неблагородни метали има две верзии. На едната се наоѓа релјефен приказ на јунаците на анимираниот филм „Маша и мечокот“ во безбоен ентериер на куќата на Мечокот со натпис „Маша и мечокот“ на врвот на монетата. На другата „Маша и мечокот“ се прикажани во боја со релјефна позадина од ентериерот на Мечокот. На врвот на монетата има натпис „Маша и мечката“.

Во оптек се пуштени 850 илјади монети во вредност од 25 рубли, се со јунаците во боја се исковани 150 илјади монети во вредност од 25 рубли, масата на чистиот благороден метал е 31,1 грама.

Кованите пари се легално средство за плаќање во готово на територијата на Руската Федерација и мора да бидат прифатени по номинална вредност за сите видови плаќања без никакви ограничувања, соопшти Банката на Русија.

Првата епизода на цртаниот филм „Маша и мечокот“ беше прикажана во Русија во 2009 година, а во меѓувреме серијата се стекна со огромна популарност низ целиот свет. Преведена е на 36 јазици и се прикажува во повеќе од сто земји. Во моментов има 35,7 милиони следбеници на YouTube.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња