Цртаната серија „Маша и мечокот“ има над 100 милијарди прегледи на сервисот YouTube

Прес-фото
Цртаната серија „Маша и мечокот“ ја надмина границата од 100 милијарди прегледи на „Јутјуб“. Вкупното време на гледање на цртаната серија на овој сервис е подолго од еден милион години.

„Руската цртана серија „Маша и мечокот“ што ја прави студиото Animaccord достигна на „Јутјуб“ 100 милијарди прегледи од целиот свет. Денес, „Маша и мечокот“ има илјада прегледи во секунда, а вкупното време на гледање е подолго од еден милион години. Покрај тоа, пет канали што го прикажуваат цртаниот филм (на англиски, шпански, руски, португалски и украински) добија „Дијамантско креаторско копче“ на YouTube (Diamond Creator Awards)“, го пренесува агенцијата РИА „Новости“ соопштението на информативната служба на студиото Animaccord.

Како што истакнуваат од студиото, проектите „Маша и мечокот „Јутјуб“ растеа истовремено, така што прикажувањето на анимираната програма во раната фаза на развој на оваа платформа е една од главните причини за неговата популарност во моментов. Animaccord беше и еден од првите сопственици на авторски права на „Јутјуб“, истакнуваат од информативната служба.

„Многу сме радуваме што „Јутјуб“ помага на развојот на руската креативна економија. „Маша и мечокот“ поминаа долг пат од национален хит до глобален феномен во светот на дигиталната семејна содржина. Тоа е одличен пример за проект кој носи вистински придобивки и за креаторите на содржина и за гледачите. Преку нашата платформа Animaccord направи руската индустрија за анимирани содржини да биде далеку попозната и ги обедини децата и родителите од целиот свет“, рече Ана Данишевска, раководител на сервисот „Јутјуб“ во Русија.

Публиката на „Маша и мечокот“ расте со голема брзина во сите земји, истакнуваат од информативната служба.

„На пример, на крајот на 2020 година, каналот на оваа цртана серија на англиски јазик го удвои бројот на следбеници во споредба со истиот период на 2019 година (бројот од 10 порасна на 20 милиони), и во моментов има над 28 милиони корисници. Оваа цртана серија го сруши и Гинисовиот рекорд како најгледано анимирано видео на „Јутјуб“ со преку 4,4 милијарди прегледи. Покрај тоа, „Маша и мечокот“ го заземаат првото место на светската ранг-листа на најбарана програма за деца од предучилишна возраст (Parrot Analytics, август 2021 година)“, се истакнува во соопштението.

Претходно руската анимирана серија „Маша и мечокот“ стана лидер во мултимедијалната содржина за деца според рејтингот на Parrot Analytics.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња