Владимир Путин денес го слави својот 69 роденден!

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Претседателот на Русија Владимир Путин е роден на 7 октомври 1952 година. Денес тој полни 69 години.

Минатата година, кога Владимир Путин го прослави својот 68 роденден, тој рече дека неговите внуци го израдувале со цртежи, рачно изработени подароци и обични честитки. Претседателот истакна дека на неговиот роденден прво добива честитки од блиските: неговите деца, внуците и пријателите. Според него, дури и да не се со него тој ден, тие задолжително ќе му се јават и ќе најдат начин да му честитаат, пишува „Лента“.

Познато е дека во 2019 година Путин го прослави својот роденден со блиски и пријатели, а во 2018 година на неговиот јубилеј дојде поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони. За 65 роденден на Путин тој му подари ќебе со нивните фотографии врз позадина на знаменитостите во Италија и Русија.

Во 2017 година, во многу европски градови, вклучувајќи ги Париз, Барселона и Берлин, се појавија графити со ликот на рускиот лидер, а Русите му честитаа на претседателот преку социјалните мрежи. Корисниците објавуваа на своите профили свои дела, посветени на Путин, и праќаа честитки.