„Дедо Вова стана постар“: Путин денеска го слави 68 роденден и раскажува за своите внуци

Владимир Путин

Владимир Путин

Сергеј Гунеев/RIA Novosti
Претседателот на Русија денеска полни 68 години и вели дека „засега за своите внуци е сé уште авторитет“. Го викаат дедо Вова, ама Путин не кажува колку внуци има.

„Ви велам, имам внуци, среќен сум, тоа се многу добри деца, слатки. Уживам кога го поминувам времето со нив... Мали, слатки дечиња. Мислам дека тоа е нормално чувство за секој човек. Во мојот живот тоа постои. И многу сум среќен поради тоа“, рече Путин. 

„Кога ќерка ми нешто му објаснуваше на еден од моите внуци, тој праша: а зошто морам да правам како ти? А таа му вели: затоа што сум постара. А тој ѝ одговара: не, дедо Вова е постар од тебе. Во некоја смисла може да се каже дека јас поради своите години за моите внуци сум сé уште авторитет“, рече Путин во интервју за агенцијата ТАСС. 

Тој додаде дека неговите внуци засега се мали и не открива детали за членовите на семејството, затоа што тоа е прашање на безбедност.

„Вие не го живеете мојот живот и не разбирате што се прашања на безбедност. Човек кој е далеку од тоа едноставно не забележува такви работи“, објасни Путин.

„Моите деца се занимаваат со наука“, додаде претседателот, како и тоа дека за нив не мора многу да се знае затоа што на изборите луѓето гласаат за него, а не за неговото семејство.

„И гласаат за оние надежи кои ги поврзуваат со моето вршење на должноста претседател“, рече Путин.

Западната политичка култура е поврзана со членовите на семејството на политичарите. „Но, мене ми се чини дека не сме во иста ситуација за да се занимаваме со таков театар. Кај нас сé мора да биде посериозно“, рече претседателот на Русија.  

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња