До крајот на годината во Москва ќе заврши изградбата и реконструкцијата на десет метро станици

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
До крајот на 2021 година во Москва ќе биде завршена изградбата и реконструкцијата на уште десет метро станици и 17,5 километри тунели.

Ова на новинарите им го соопшти заменик-градоначалникот на руската престолнина за градежна политика и градежништво Андреј Бочкарев.

Како што истакна Бочкарев, метрото е приоритет кога станува збор за сообраќајниот развој на Москва. Од почетокот на оваа година во градот влегоа во употреба 4,6 километри линии, две метро станици и депото „Сокол“.

Според него, во наредниве месеци е планирано завршување на изградбата на станиците на Големата кружна линија и отворање на една реконструирана станица. Во текот на наредните две години во Москва ќе бидат воведени уште 58 километри линии, 24 метро станици и три депоа.