Ова го соопшти Министерството за развој на Далечниот Исток и Арктикот.
„Во арктичката зона на Русија можете да добиете бесплатен хектар на територијата на Мурманската област, во Ненецкиот автономен округ и Јамало-Ненецкиот автономен округ, како и во општинските реони на Архангелската област, Република Коми и Карелија“, гласи јунскиот указ на претседателот на РФ Владимир Путин.
Во првата половина од годината, според указот, земјиште може да добијат само жителите на горенаведените региони, а парцелата може да се користи за разни намени - како за претприемништво, така и за лична употреба.
Од 1 февруари право да добијат сопствена парцела на територијата на Арктикот ќе имаат и другите Руси, вклучително и учесниците во државната програма за доброволна преселба на жителите на земјата кои моментално живеат во странство.
Русите имаат на избор огромна површина - околу 1,1 милион хектари. Може да си одредат парцела со помош на порталот hektarvarktike.rf и да го добијат земјиштето по поедноставена постапка за еден месец. Најголем асортиман има во Мурманската област, каде што има 767 хектари. На второто место е Карелија со 339 хектари, пишува „Известија“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче