Руски власти: Кој го искористил првиот бесплатен далекоисточен хектар, добива уште еден!

Александар Луркин; @yagababa.info (https://www.instagram.com)/yagababa.info/?hl=en; @9gektar (https://www.instagram.com/9gektar/?hl=ru)
Земја ќе се дели бесплатно и надвор од Далечниот Исток на Русија. Во програмата се вклучува и Арктичкиот регион.

Програмата „Далекоисточен хектар“ руските власти планираат да ја прошират и на Арктикот. Тоа, според зборовите на премиерот на Русија Михаил Мишустин, го барале претприемачите.

Мишустин соопшти на седница на владата дека постојат планови Арктичкиот регион да се вклучи во програмата за далекоисточен хектар. Тој објасни дека тоа би требало да биде дополнителен механизам на државната поддршка на Арктикот.  

„Сега ќе биде проширена територијата на Арктикот на која може да се добие бесплатен хектар. Граѓаните ќе можат да земат парцели по упростена процедура и во пократок временски рок. Притоа посебно внимание ќе биде посветено на зачувувањето на традицијата и културите на малите староседелечки народи на Северот, Сибир и Далечниот Исток“, рече рускиот премиер.  

Владата ќе ги прошири и можностите на програмата за далекоисточен хектар, вети Мишустин, и тоа на следниов начин: доколку некој користел бесплатна парцела и ја презел под закуп или во сопственост, може да добие дополнителен хектар земја.  

„Далекоисточен хектар“ е програма која започна 2016 година. Во нејзини рамки државјаните на Русија можат да добијат бесплатна земја во регионите на Далечниот Исток, при што парцелата мора да се наоѓа надвор од град и за пет години мора да биде ставена во функција било со изградба на станбен објект било со организирање бизнис во сферата на туризмот или земјоделието.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња