Дочекот на Новата година во Москва
Владимир Астапкович/SputnikНовата 2020 година за Русите почна како и обично. Новогодишни саеми со подароци, свечено осветлување во градовите, весели зимски забави без социјална дистанца.
Отворање на паркот „Островот на мечтата“ во Москва
Александр Авилов/Moskva agencyПоследниот ден од февруари во Москва е отворен најголемиот забавен парк за деца и возрасни „Островот на мечтата“. Просторот е поделен на девет тематски зони посветени на јунаците на цртаните филмови. Помалку од три недели подоцна, на 17 март, паркот поради „самоизолација“ е затворен до 10 јули.
Консултант на синџири продавници за пиво дегустира примероци на пиво на својата тераса дома во Москва во режим на самоизолација.
Владимир Песња/SputnikЗа многумина работата од дома стана тешко искушение, а многу бизниси беа затворени поради ограничувањата. Но, за илјадници луѓе изолацијата беше време поминато со семејството и други драги луѓе, време за подобро запознавање и можности за моменти на заедничка радост.
Пуста Москва
Максим Блинов/SputnikПред да бидат воведени ограничувањата за движење низ градот, карантинот им овозможи на многумина можеби првпат во животот да ги видат омилените места во градот без гужва од туристи и други луѓе кои брзаат за работа. Во парковите на големите градови почнаа да се враќаат птиците и животните, а корисниците на интернетот почнаа да забележуваат дека „природата се прочисти“.
Авиони над Црвениот плоштад
Андреј Никеричев/Moskva agencyТрадиционалната Парада на Победата во Москва на 9 мај е одложена за 9 јуни, но воздухопловниот дел на програмата беше изведен.
Жителка на Тјумењ со портрети на ветерани на Втората светска војна пее песни од воените години со учесници во акцијата „Парада дома“.
Наталија Горшкова/SputnikОдот на „Бесмртниот полк“, акцијата во која Русите се сеќаваат на членовите на своите семејства кои учествувале во Втората светска војна, се реализира онлајн.
Кафуле во Москва
Александр Авилов/Moskva agencyВо руските региони е укинат или ослабен режимот на самоизолација, како и електронските пропусници. Се отвораат летните бавчи и кафулињата во големите градови. Вистина, со ограничувања: се бара одржување дистанца и носење маски.
Во Москва, Санкт Петербург, Волгоград, Самара, Севастопол и други градови во земјата се одржува Парадата на Победата која поради пандемијата беше одложена за 24 јуни. Овој датум не е случајно одбран: тој ден 1945 година преку Црвениот плоштад поминаа советските војници кои го освоија Берлин.
Индиски војници на Парадата
Иљја Питалев/SputnikВо 2020 година, освен руски војници, во Парадата на Црвениот плоштад учествуваа гости од Србија, Индија, Молдавија, Киргистан, Белорусија, Ерменија и Кина.
На 30 јуни претседателот на Русија Владимир Путин и претседателот ан Белорусија Александар Лукашенко свечено го отворија воениот меморијал во Ржев (Тверска област) во знак на сеќавање на борбите во тие краишта 1942-1943.
Туристи на плажа во Сочи
Артур Лебедев/SputnikВо ек е сезоната на одмори. Поради затворените граници и тешката економска ситуација предизвикана од пандемијата, Русите го поминуваат летниот одмор во земјата. За многумина тоа е можност подобро да ја запознаат својата земја.
Туризам на Камчатка
Елена Верешќака/TASSНајпопуларна дестинација се плажите на Црното море во Сочи, Анапа и на Крим. Но, Русите исто така патуваат во оддалечените региони како Сибир, Урал и Далечниот Исток.
Претседателот Владимир Путин соопшти дека е регистрирана првата вакцина на светот против коронавирус „Спутник Vˮ од Институтот „Гамалејаˮ. Тоа е двокомпонентна вакцина која се дава во интервал од три недели.
Во Москва по реконструкцијата е отворено Северното речно пристаниште, една од првите згради подигнати во духот на „сталинскиот ампирˮ.
Туристи во Пјатигорск
Алексеј Даничев/SputnikРусија, како и повеќето други земји, останува затворена за туристите. Но, во октомври владата соопштува дека ќе биде воведено издавање електронски визи за граѓаните на 52 земји, вклучувајќи ги Европската Унија и САД. Патувањата ќе бидат можни во 2021 година по целата земја во текот на 16 дена. За добивање виза е потребно да се пополни формулар онлајн и да се плати такса од 40 долари.
Во Русија на 4 ноември е одбележан Денот на народното единство, иако со ограничувања: маски и ракавици.
А уште во ноември ширум земјата почнуваат да се отвораат лизгалишта и да се создава новогодишно расположение. Градовите на Русија се китат со елки и украси.
Земјата се подготвува за дочекот на Новата 2021 година. Во повеќето региони се откажани сите масовни прослави и е забранета работа на рестораните во текот на празниците. Но, се појавија нови креативни новогодишни украси.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче