Во 2020 година Русија ја одбележува 75-годишнината од Победата во Втората светска војна. Овој јубилеј според традицијата особено величествено и масовно требаше да биде одбележан на 9 мај. Меѓутоа, во услови на пандемија на коронавирусот беше одлучено прославата да се одложи.
Затоа на 9 мај 2020 година во Москва беа одржани само воздушен дел од Парадата и празничен огномет. За Парадата на Победата е одбран историски датум – 24 јуни. Токму на тој ден 1945 година во Москва е одржана првата парада.
Парадата според традицијата започнува со дефиле на пешадиска колона преку Црвениот плоштад. Во редовите на припадниците на војската се наоѓаат офицери и војници, како и кадети на високите воени школи, ученици во Суворовската и Нахимовската средна воена школа и претставници на други безбедносни органи.
Потоа преку плоштадот ќе поминат борбени возила. Жителите на Русија првпат ќе видат преку 20 модели најнова воена техника. На пример, ќе бидат претставени борбените возила на пешадијата „Армата” и „Курганец-25” со новите борбени модули „Кинжал” и „Епоха”, најновите противвоздушни системи С-300В4 и С-350, оклопните возила „Тајфун” и противвоздушниот артилериски систем „Деривција-ПВО”.
На крајот на Парадата повторно ќе се појави авијацијата која веќе ја прикажа својата програма на 9 мај 2020 година. Во воздушниот дел на програмата ќе учествуваат околу 75 летала.
Во Парадата на Победата вкупно ќе учествуваат 14 илјади војници, 375 единици копнена и воздухопловна техника. Овој пат во парадата ќе учествуваат и 10 историски единици кои ќе промаршираат преку Црвениот плоштад во униформи од воените години. Гледачите исто така ќе имаат можност да ги видат легендарните тенкови Т-34 од Втората светска војна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче