Минин и Пожарски
shakko/WikipediaВо текот на Сматното време (1598-1613) Русија ја владее полско-литванскиот сојуз кој ја држи земјата слаба преку глад и серија лесно манипулирани измамници на царскиот престол.
Московскиот народ веќе има учествувано во неколку востанија против нивните полски окупатори, најзабележително е убиството на 500 војници во 1606 година. Сепак, дури во 1611 година се случува опсада на Кремљ под водство на кнезот Дмитриј Пожарски и локалниот месар од Нижни Новгород Кузма Минин.
Опсадата трае долго време, затоа што Полјаците се држат колку што е можно подолго, но оние кои сѐ уште не умреле од глад меѓу ѕидините на Кремљ се предаваат на 4 ноември. Ова ѝ овозможува на Русија да го обнови царството со Михаил I (првиот од династијата Романови) кој стапува на престолот во февруари 1613 година.
Настанот се слави до ден-денешен како државен празник во Русија наречен „Денот на народното единство“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче