Путин на откривањето на споменикот кај Ржев: „Еден од најубавите во поранешниот СССР“

Претседателот Владимир Путин на говорницата на церемонијата на откривањето на споменикот кај Ржев.

Претседателот Владимир Путин на говорницата на церемонијата на откривањето на споменикот кај Ржев.

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин и неговиот колега од Белорусија Александар Лукашенко зедоа учество во откривањето на Ржевскиот споменик на советскиот војник во Тверската област.

Путин рече дека многу му се допаднал новиот ржевски споменик.

„Мислам дека тоа ќе биде еден од најубавите споменици на територијата на поранешниот Советски Сојуз“, рече рускиот претседател и додаде: „Многу убаво!“ Според него, споменикот е „од една страна монументален, а од друга воздушест“.

Скулпторот Коропцов и архитектот Фомин изјавија дека како инспирација им послужиле стиховите на Александар Твардовски „Убиен сум кај Ржев“. Авторите објаснија дека нивна задача била „да го растворат споменикот во воздух“ и да ја „одвојат“ фигурата на војникот од земјата.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња