Во пресрет на долгиот новогодишен распуст секое советско дете очекуваше неколку празнични претстави за кои беа потребни костуми. Тие тогаш не можеа да се купат во продавница како денес, а како ќе изгледаа на крајот зависеше од креативноста (и трпеливоста) на родителите. Зајаци, снегулки, пирати, лисици... Имаше десетици такви костими на секоја детска новогодишна утринска претстава.
Истовремено, имаше и такви кои направија исчекор во однос на конвенционалниот избор на ликови и костими. Колкав исчекор? Најдобро е да ги погледнете старите советски фотографии и самите да се уверите.
Государственный архив Пермского края
Во текот на целото постоење на Советскиот Сојуз, Уставот беше менуван неколку пати, а најдолговечен беше оној што делумно го напиша лично Сталин. Уставот од 1936 година, за кој се зафати „вождот на народите“, беше проследен со добар пи-ар меѓу народот, толку добар што некој реши за Нова Година да го облече своето дете во основниот закон.
Покажувањето политичка лојалност на детските утрински претстави тогаш се сметаше за сосема нормално. Така имаше деца облечени во костим на Советскиот Сојуз.
Archive photo
Ова момче се залагаше за независност на африканските републики.
Archive photo
Кој вели дека само девојче може да биде Снежана?
Некои родители беа убедени дека омилениот предмет од ентериерот е одлична идеја за костум. За тоа сведочи девојчето како успешна реплика на корпа со цвеќе.
Archive photo
Сепак, не секој беше успешен во правењето костими, дури ни на толку вообичаените зајаци. Овој излезе малку страшен.
Archive photo
Ова девојче е облечена во елка и фотографирана до елка.
Archive photo
И маските се правеа рачно.
архива на Сергеj Митин
Темата за освојување на вселената во тоа време беше една од најпопуларните. Најкреативните се осмелија да направат костими на космонаути.