Минатата недела Карлос Морага, 45-годишен од Сарагоса, кој десет години живее и работи во Москва, беше еден од неколкуте илјади доброволци кои ја примија руската вакцина против коронавирус.
„Тоа беше нешто што ми беше сосем јасно, и тоа многу пред да ја добијам можноста да го сторам тоа. Сакам да му се вратам на нормалниот живот, така што за мене ова беше најбрзиот пат, морав да ја искористам можноста“, раскажа Карлос за RT, каде што работи.
„Знаејќи ги можните ризици и можните ползи од примената на вакцината, не разбирам зошто некој не би учествувал во вакцинирањето. Не можам да го сфатам тоа“, рече тој.
Карлое е сега под секојдневен надзор. Вели дека од неделата немал никакви симптоми. За да може да учествува во тестирањето, лекарите мораа да исклучат постоење на силни алергии и хронични болести, како и тоа да не го има веќе преболено коронавирусот. Процедурата трае вкупно 180 дена, а првите денови се препорачува воздржување од интензивна физичка активност. Карлос можеби добил и плацебо.
Фазата на испитување на вакцината „Спутник 5“
Руската вакцина се наоѓа во третата фаза на испитувањата. Засега се вакцинирани 4000 доброволци. Ако развијат антитела, волонтерите ја добиваат втората доза вакцина во рок од три недели.