Во Русија планирано производство на 80 милиони дози вакцина против Ковид-19 годишно

Игор Иванко/Агенција „Москва“
Според директорот на научно-истражувачкиот центар „Гамалеја“, препаратот ќе го произведуваат три големи фармацевтски претпријатија.

Директорот на центарот „Гамалеја“ Александар Гинцбург најави дека во Русија годишно ќе се произведуваат 80 милиони дози вакцина против заразната болест Ковид-19. Како што истакна тој, центарот ќе произведува околу 700 илјади дози од препаратот што го разви Министерството за одбрана на РФ во соработка со научно-истражувачкиот центар „Гамалеја“.  

Покрај наведениот центар, вакцината ќе ја произведуваат и три големи фармацевтски компании, нагласи во интервјуто за весникот „Известија“ Гинцбург. Како што наведе тој, со таков ритам со помош на вакцината на територијата на Русија новиот коронавирус ќе биде победен до следното лето.

Како што истакна рускиот стручњак, тоа би можело да се случи и побргу, доколку покрај постојната се појави уште една вакцина. Најважно е таа да има исто толку добри квалитети и долготраен ефект на имунозаштита.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња