Зошто норвешки научник се обидувал да прошверцува коса од руски студентки

Global Look Press
Московскиот реонски суд на градот Петербург поведе прекршочна постапка против државјанин на Норвешка кој се обидел да изнесе од Русија примероци на коса од студентки на медицински факултет.

Како што објави порталот „78.руˮ, заедничката прес-служба на судовите на Петербург соопшти дека на 31 август 2018 година цариниците на аеродромот Пулково одлучиле да го прегледаат багажот на еден маж кој патувал за Норвешка. Во текот на проверката пронашле недекларирана роба, односно 76 хартиени коверти во кои се наоѓале примероци. Експертизата покажала дека се работи за влакна на човечка коса. Со оглед дека овој дел на багажот не е за лична употреба, истиот требало да биде деклариран.

Норвежанецот не се појавил на суд, иако е известен за времето и местото на заседавање. Судскиот процес го игнорирал и неговиот адвокат, кој барал да се пропише казна во вид на конфискација на примероците коса.

Државјанинот на Норвешка е научник кој патувал од Архангелск преку Петербург. Со себе носел влакна коса од студентки на медицински факултет. Норвежанецот објаснил дека примероците се собрани во рамките на руски проект што го спроведува универзитетот во Архангелск. Како раководечки научник на овој проект Норвежанецот ги понел со себе примероците за да ги анализира со помош на метода достапна само во Шкотска.

Судот одлучи да се конфискуваат примероците.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња