Менаџер: Целта на Хабиб е да оствари 30 победи и да ја заврши кариерата без пораз

Начин на живеење
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Менаџерот на шампионот на UFC во лесна категорија вели дека Хабиб Нурмагомедов ќе се согласи на уште само две борби во кариерата.

„Борбата со Џастин Гејџи е голем предизвик за Хабиб. Тоа ќе биде неверојатна борба. Хабиб и Џастин сега се најдобрите борци, светски шампиони. Ќе биде тажно да се види како еден од нив ќе изгуби, но тоа е дел од играта. Нурмагомедов е сега концентриран повеќе од кога било. Тој има цел да постигне рекорд 30:0. Тоа е она што тој сака да го оствари“, вели Абдул Азиз.

Хабиб и Гејџи ќе си ги одмерат силите во октагонот на UFC на 24 октомври. Борецот од Дагестан во моментов има 28 победи во исто толку борби.