7 нешта што не сте ги знаеле за „дагестанскиот орел“ Хабиб Нурмагомедов

Getty Images
Непобедливата ѕвезда на УФЦ од Дагестан зборува пет, а чита на шест јазика! За малку не се откажал од спортската кариера и не заминал да работи во дискотека како исфрлувач. Признајте дека не сте го знаеле ова за Хабиб Нурмагомедов, а еве и други неочекувани факти.

Шампионот во борба без правила, човекот без пораз во октагонот, веќе влезе во историјата како еден од најголемите борци. За него се знае речиси сѐ. Но, постојат и нешта кои можеби ќе ве изненадат.

1. Хабиб бил голем навивач на Конор

Денес Хабиб и ирскиот борец се лути непријатели и нивниот конфликт трае веќе со години, а навивачите сѐ уште се обидуваат да дознаат кој почнал прв. Но, не било така отсекогаш.

Во 2014 година Конор Мекгрегор беше ѕвезда во искачување и многумина паѓаа на неговиот шарм, па и Хабиб кој тукушто почна да реди победи во октагонот. Ирецот и Дагестанецот се запознале преку Твитер: брендот на спортска облека „Детрон“ ја рекламираше новата маица што ја носеше Конор и прашуваше кој уште би ја купил.

„Ми се допаѓа, сакам и јас“, коментираше Хабиб. „Хабиб е мој човек“, веднаш одговори Мекгрегор. Тогаш тие се договорија во некоја пригода да се видат и заедно да тренираат.

А, потоа се појави заедничка фотографија. „Јас и Конор Мекгрегор. По неверојатната победа. Опасен тип“, напиша Хабиб.

Верзиите за тоа зошто го прекинале пријателството се различни. Според една тоа се случило кога новинарите го прашале Конор како е неговиот пријател Хабиб. „Хабиб ми е пријател? Во оваа работа не постои пријателство“, одговорил Конор. Велат дека Хабиб Нурмагомедов мошне го заболеле овие зборови.

2. Малку фалело за Хабиб да заврши како исфрлувач во ноќен клуб

На идејата да работи како исфрлувач, борецот дошол по две повреди кои му се случија една по друга: повреда на лигаментот на коленото, па скршено ребро. Хабиб тогаш беше подготвен да ја заврши кариерата и размислуваше за други начини на заработка.

Тогаш му помогна татко му Абдулманап. „Твоја обврска е добро да се храниш и да тренираш, а за син ти јас ќе се погрижам материјално. Долго одевме кон оваа цел за сега лесно да се предаде. Хабиб се врати во рингот и не престана да тренира до денес“, се сеќава таткото на Хабиб кој воедно е и негов тренер.

3. Во детството Хабиб нижел пораз по пораз

Хабиб, може да се каже, израснал на рингот. Буквално. Тренира од својата петта година. Се има занимавано со сите можни боречки вештини, а татко му го испраќал на сите можни натпреварувања, но момчето не се искачувало на победничките скалила. Бил премногу изморен за тоа. Од 13-14 години по правило ги освојувал петтото и шестото место на сите републички натпревари.

Дури кога наполни 16 години се фокусираше на три боречки вештини и започна да освојува медали. „Тоа беше во 2006 година. Тогаш го почувствува вкусот на победата и започна повеќе да тренира. Веќе во 2008 година секој искусен борец се плашеше од средба со него“, раскажува таткото на Хабиб.

Ова е првата борба без правила на Хабиб во 2009 година против Азербејџанецот Вусал Бајрамов.

4. Хабиб е студент на Економски факултет и зборува шест јазика

Хабиб има завршено средно училиште, потоа Финансиско-економски колеџ во Махачкала. Денес 31-годишниот спортист се стекнува со високо образование, студент е на четврта година на Рускиот економски универзитет „Г.В. Плеханов“.

Покрај тоа Хабиб зборува пет јазика: кумички (има кумичка крв во себе), мајчиниот аварски, руски, турски и англиски. Згора на тоа чита и на арапски, но засега се срами да зборува на него, вели неговиот татко.

5. Хабиб има менаџер со сомнителна репутација

Се вика Али Абдел Азиз и неговата биографија е мошне интересна.

Египќанецот допатувал во САД со фалсификуван пасош, но судот го ослободил од одговорност поради тоа што излажал дека неговата мајка починала. Во 2019 година одговараше пред суд поради тепачка во Лас Вегас. Го поврзуваа и со екстремистичката организација „Муслимани на Америка“, кои го обвинија дека ги издал на полицијата и на ФБИ. А Мекгрегор еднаш изјави дека Aли не плаќа алиментација за синот кој живее во Колорадо.

Хабиб и Али се запознале во 2014 година и токму менаџерот му помогна на борецот да се извлече од психолошка криза и му го организираше потребното лекување. Дагетсанскиот орел вели дека Египќанецот е негов брат.

6. Хабиб лесно губи и добива во тежина

По борбата Хабиб може за кусо време да нафрли многу килограми, еднаш дури и 35! Во просек по само две недели работа на мускулната маса Хабиб добива околу 20 килограми, тврди неговиот татко Абдулманап.

7. Сопругата на Хабиб е негова далечна роднина

За жената на Хабиб не се знае речиси ништо зашто тој не ги пушта медиумите во семејниот живот. Затоа само членовите на семејството и блиските пријатели го имаат видено нејзиното лице.

Сѐ што знаеме е дека се вика Патимат, дека нејзиното моминско презиме е Нурмагомедова зашто таа и Хабиб се родум од истото село Сиљди и се далечни роднини. Патимат е првата љубов на Хабиб, уште од училишната клупа. Седеле во иста клупа само една година. Пота семејството на Хабиб се преселило. Во 2013 година кога пораснал и станал познат спортист се вратил во родното село и ја побарал Патимат за жена.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња